Норвешка ја потврди доминацијата во групната фаза на Европското првенство во ракомет, забележувајќи ја осмата победа во исто толку меча со 33:30 триумфот над Словенија, која, сепак, е во полуфиналето откако претходно Португалците ја шокираа Унгарија.

Полуфиналето ќе биде сосема интересно – Норвешка против Хрватска и Словенија против Шпанија, додека Германија и Португалија ќе играат олимписки квалификации.

Норвежаните имаа одличен старт на мечот и направи предност од три  разлика (7:4), меѓутоа упорниот тим на Љубомир Врањеш успеа да остане во игра и на крајот на полувремето, „викинзите“ имаа само гол предност (14:13). Во второто полувреме, Норвешка беше далеку подобра и ја зголеми предноста повторно на пет гола, пред во интересен финиш Словенците да се доближат, но не доволно за пресврт.

Кевин Гуликсон со седум гола и Сандер Оверјордет со пет гола беа најефикасни за Норвешка, додека кај Словенија се покажа Нејт Цехте со пет гола.

Вториот меч, овојпат од групата 1, помеѓу Белорусија и Австрија немаше резултатско значење, па донесе брз ракомет со многу голови за на крај да заврши 36:36.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ, ГРУПНА ФАЗА

ГРУПА 1

Хрватска – Шпанија 22:22 (11:12)

Белорусија – Австрија 36:35 (19:17)

Чешка – Германија 20.30 ч.

Табела: 1.Шпанија 9, 2.Хрватска 9, 3.Германија 4, 4.Австрија 3, 5.Белорусија 1, 6.Чешка 0

ГРУПА 2

Португалија – Унгарија 34:26 (16:14)

Норвешка – Словенија 33:30 (14:13)

Исланд – Шведска 20.30 ч.

Табела: 1.Норвешка 10, 2.Словенија 6, 3.Португалија 4, 4.Унгарија 4, 5.Исланд 2, 6.Шведска 2