Слично како и Барселона претходно, и Реал Мадрид се намачи со третолигаш за пласман во осминафиналето на Копа дел реј.
На гостувањето кај Унионистас де Саламанка, „кралевите“ поведоа преку Герет Бејл по 18 минути игра, меѓутоа во 57. минута Ромеро Морилјо со фантастичен гол донесе израмнување на радост на 4 илјади фанови во Саламанка. Меѓутоа, Реал не дозволи сензација и во 62. минута поведе откако домаќините си дадоа автогол, пред Брахим Диаз во 92. минута да ја потврди победата.
КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ
Елче – Атлетик Билбао 1:1, 4:5 пенали
Ибиза – Барселона 1:2
Бадалона – Гранада 1:1
Џирона – Вилјареал 0:3
Реал Сосиедад – Еспањол 2:0
Тенерифе – Валјадолид 2:1
Логроњес – Валенсија 0:1
Унионистас – Реал Мадрид 1:3