Top Sport

Роналдо не застанува – веќе седум гола во 2020, Јуве ја „прегази“ Рома (видео)

Јувентус се пласираше во полуфиналето на Копа Италија откако за едно полувреме ја „скрши“ Рома за 3:1 победа и дуел со подобриот од дуелот Милан-Торино во полуфиналето.

Исходот на мечот беше решен во првото полувреме, кога со головите на Кристијано Роналдо, Родриго Бентанкур и Леонардо Бонучи, „бјанконерите“ дојдоа до убедлива предност од 3:0. Во 26. минута по одличниот контранапад на Гонзало Игуаин и Роналдо, Португалецот го постигна својот 13. гол во последните 10 меча во дресот на клубот од Торино. Ова исто така е неверојатен седми гол за ЦР7 во четири меча во 2020 година!

Бентанкур во 38. минута зголеми на 2:0 по убава комбинација со Даглас Коста и со малку малку среќа, а Леонардо Бонучи во втората минута од судиското продолжение по еден „скратен“ корнер со глава донесе 3:0 предност. Рома успеа да намали на 3:1 по една трапава интервенција на ветеранот Џанлуиџи Буфон.

Scroll to Top