Top Sport

Безидејниот Јунајтед понижен на „Олд Трафорд“ од Барнли (видео)

Барнли, клубот од градчето на 34 километри на север од Манчестер, успеа да стигне до славна победа на „Олд Трафорд“, прва од 1962 година, понижувајќи ги „ѓаволите“ со 2:0 победа во 24. коло од Премиер лигата во уште еден фрустрирачки натпревар на тимот на Оле Гунар Солскјер, кому, очигледно му е потребно повеќе од едно-две засилувања во зимскиот преоден рок.

Иако во првото полувреме имаа повеќе шанси, посебно преку Антони Марсијал и Хуан Мата, Јунајтед во 39. минута примија гол откако слободниот удар на Ми одлично го искористи Крис Вуд за да го помине Мегвајр и да го совлада Де Хеа.

Кога се мислеше дека Јунајтед ќе реагира во второто полувреме, во 56. минута, Џеј Родригез постигна навистина прекрасен гол за Барнли првпат од 2009 година да успее да ги совлада Манчестер јунајтед и првпат од 1962 година да слави на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top