Зијон Вилијамсон првиот пик на драфтот минатото лето конечно го имаше своето деби во НБА лигата. Вилијамсон се повреди на почетокот на сезоната поради што паузираше неколку месеци.

Првиот меч во најсилната лига во светот Вилијамс го одигра притив Сан Антонио Спарс. Спарс славеа во дуелот со Пеликанс 121:117.

Вилијамсон лошо го започна мечот, во првите три четвртини постигна само пет поени, но во последниот квартал се случи вистинска „експлозија“.

Поранешниот играч на универзитетот Дјук погоди четири тројки од исто толку обиди, погоди вкупно шест од осумте обиди од поле и во овој период на мечот забележа 17 поени.

На крајот тој заврши со 22 поени, седум скока и три асистенции.

Ист број на поени кај Пеликанс постигна и Брендон Инграм, додека Лонзо Бол имаше 14 поени и 12 асистенции.

Кај Сан Антонио се истакна Ламаркус Олдриџ со 32 поени и 14 скока.