Челси му барале замена на најскапиот голман во светот Кепа Аризабалага. Шпанскиот репрезентативец во летото 2018 година за рекордни 80 милиони евра од Атлетик Билбао се пресели во „Стенфорд Бриџ“.
„Тајмс“ тврди дека во клубот не биле задоволни од напредокот на 25 годишниот голман, кој имаше имаше добри настапи во дебитантската сезона.
Челси во Премиер лигата во 24 натпревари примиле 32 гола, најмногу од првите пет екипи на табелата. Шпанецот по натпреварот со Арсенал (2:2) бил критикуван и од менаџерот Френк Лампард.
Истиот извор тврди дека Челси го означиле голманот кој би го заменил Кепа. Станува збор за 27 годишниот голман на Барнли, Ник Поуп. Цената на Поуп според „Трансфермаркт“ изнесува 12 милиони евра.
Обесштетувањето нема да биде проблем за „сините“ кои најпрвин ќе се обидат да го продадат Кепа, секако за помала сума од онаа што ја платија за него.