Top Sport

Подолски се врати во Турција, во Анталијаспор

По две ипол години во Јапонија, во редовите на Висел Кобе, екс-фудбалскиот репрезентативец на Германија, Лукас Подолски се враќа во Европа. Тој потпиша договор на година ипол со турскиот прволигаш Анталијаспор

Минатиот викенд Подолски пристигнал во Турција, а денеска го потпишал договорот. Тој претходно играше во Турција, но во дресот на Галатасарај, во периодот од 2015 до 2017 година.

Кариерата ја започна во Келн, па во 2012 година стигна во редовите на лондонски Арсенал, каде играше 3 години.

Следуваше Галатасарај, па Висел Кобе, и сега во Анталијаспор. Многу веројатно е таму партнер во нападот да му биде нашиот фудбалски интернационалец, Адис Јаховиќ кој е пред трансфер во Анталија од екипата на Малатијаспор.

Scroll to Top