Top Sport

Червар остана без глас на ден пред полуфиналето со Норвешка

Хрватските ракометни репрезентативци утре играат полуфинале на ЕП, противник моќната Норвешка.

На денешната прес-конференција во Стокхолм, градот домаќин на шесте најдобри селекции на првенството, не се појави хрватскиот селектор, Лино Червар. Новинарите во прес-центарот беа изненадени.

Помошникот тренер, Хрвоје Хорват објасни зошто Лино не дошол на прес-конференцијата.

„Лино има проблеми со гласот, му „пукна“, но ќе биде во ред до утре и ќе го води натпреварот против Норвешка. Тие играат одлично и ние ќе сториме се што можеме за да го запреме Сагосен со одбрана 5-1. Но, Норвешка не е само Сагосен. Ние турнирот го отворивме одлично, но против Шпанија и Чешка не одигравме најдобро. Сепак, позади нас е одлиен турнир. Циндриќ и Караџиќ се уште имаат проблеми, но веруваме дека ќе бидат 100% подготвени за утрешниот меч“ – изјави Хорват.

Оптимизам можеше да се слушне и од десниот бек кај Хрватска, Лука Степанчиќ.

„Слушнавме дека доаѓаат наши навивачи, секогаш е полесно кога играте со нивна помош. Против Германија губевме 5 разлика, со Шпанија и 6, но со нивна помош се надокнадивме. Мораме некои работи да ги поправиме. Имаме `црни дупки` од 10 минути, мораме тоа да го отстраниме против Норвежаните, затоа што играат сјаен турнир. Ја покажавме силата која ја има ова репрезентација“ – рече Степанчиќ.

Scroll to Top