Top Sport

Бензема во аут три недели

 

Зинедин Зидан доби лоши вести, откако Карим Бензема заработи повреда на колкот и ќе биде во аут две до три недели.

„Лос бланкос“ се вратија на тренинзи по божиќната пауза, но во јануари ги чекаат низа натпревари и Бензема ќе биде во аут барем за двомечот од Копа дел Реј против Нумансија, дуелот со Селта Виго, но можеби и за мечевите со Вилјарел и Депортиво Ла Коруња.

Бензема повредата ја заработи при 3:0 поразот од Барселона на 23 декември и во саботата не тренираше со тимот.

Scroll to Top