Top Sport

Ленард фрла долари во стриптиз-бар? (видео)

Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Кавај Ленард се најде во незгодна ситуација, откако на Твитер стана вирално видеото во кое тој ужива во стриптиз-бар, наводно прославувајќи победа во НБА меч.

Ленард очигледно добро се забавува, фрлајќи долари кон танчерката, а според шпекулациите посетата се случила по победата на Клиперс од 122:117 над Мајами хит во петокот. Клиперс официјално не го коментираа видеото.

Scroll to Top