Top Sport

Дувњак е МВП на Европското првенство, двајца Шпанци и двајца Хрвати во идеалниот состав

ЕХФ пред големото финале на Европското првенство во ракомет го објави идеалниот состав и МВП на шампионатот, во кој се најдоа по два играчи на финалистите Хрватска и Шпанија, додека најдобар досега е хрватскиот капитен Домагој Дувњак.

„Хрватскиот капитен го однесе тимот до прво финале на Евро од 2010 година, одигрувајќи неколку херојски партии. Асот на ТХВ Кил е заслужен за влезот на Хрватска во финалето, со осум гола во полуфиналето против Хрватска“, велат од ЕХФ.

Дувњак е во идеалниот состав заедно со соиграчот Игор Карачиќ, додека Шпанците ги претставуваат голманот Перез де Варгас и ветеранот Хорхе Македа, а во тимот се и Германецот Хендрик Пекелер, Норвежаните Сандер Сагосен и Магнус Јендал, Словенецот Блаж Јанц и Унгарецот Бенце Банхиди.

Scroll to Top