Канаѓанката Лоренс Винсент Лапоинт го доби случајот пред Интернационалната кану федерација (ИЦФ) во кој тврдеше дека нејзиниот позитивен тест е резултат на „контаминација“ од телесните течности од нејзиното момче.
11-кратната светска шампионка Лапоинт имала позитивен тест на лигандрол, еден вид на стероид во јули и ја очекуваше четиригодишна суспензија. Но, нејзиниот адвокат успеа преку анализа на влакно од косата на сега веќе поранешното момче да докаже дека тој е виновен за малото ниво на лигандрол во нејзиниот систем.
Овој случај наликува на тој од 2009 година, кога францускиот тенисер Ришар Гаске беше ослободен по позитивниот тест на кокаин, откако тврдеше дека бакнал жена во ноќен клуб во Мајами која претходно земала кокаин.
27-годишната Лапоинт го пропушти Светското првенство во 2019 година, но уште може да се квалификува за Олимпијадата во Токио.