Top Sport

Ајнтрахт го одзеде почесното претседателство на Грамлих поради нацистичкото минато

Ајнтрахт Франкфурт постхумно му го одзеде почесното претседателство на Рудолф Грамлих откако истрагата покажа дека тој имал врски со нацистите.

Грамлих беше претседател на Франкфурт од 1955 до 1970 година, во периодот кога е освоена единствената германска титула во 1959 година. Независната истрага потврди дека тој имал врски со злогласните СС („Ес-Ес“) пред да пристигне во клубот. Одлуката, која ја донесе почесниот совет на тимот беше пречекана со аплауз.

„Без разлика на тоа што постигнал почесниот претседател на спортско поле, тој мора да биде и етички и морален пример за сите“, изјави сегашниот претседател на клубот, Петер Фишер.

Грамлих бил фудбалер на Франкфурт од 1929 до 1944 година, германски репрезентативец во 1930-тите и капитен на тимот на Олимпијадата во Берлин во 1936 година. Според независниот извештај тој профитирал од нацистичкиот режим како бизнисмен, а бил и член на дивизијата „мртовечка глава“ на „Ес-Ес“.

Scroll to Top