Два дена по трагичната смрт на Коби Брајант, неговиот поранешен соиграч Шекил О’Нил ги предводеше навивачите собрани пред „Стејплс центарот“ во извици за неговиот пријател.
Снимките кои се појавија се од вторникот, откако 47-годишниот О’Нил се појави на специјалната емисија на „ТНТ“ за Брајант, во која имаше емотивно обраќање за својот поранешен соиграч.
Only right for @SHAQ to lead a chant for Kobe in LA ✊
(via omerdrinks/IG) pic.twitter.com/Tn0ImG0Jmo
— NBA on TNT (@NBAonTNT) January 29, 2020
Претходно, О’Нил, заедно со Двејн Вејд, Чарлс Баркли и Кени Смит се појавија на комеморацијата во чест на Брајант, кој загина покрај својата 13-годишна ќерка Џана во хеликоптерската несреќа во неделата. Тој беше емотивен во обраќањето и на крај заврши во солзи.
„Не сум почувствувал толку остра болка многу одамна. Веќе нема да можеме да се шегуваме за влезот во Куќата на славните. Тоа е единствено што ми недостасува да му кажам сега. Посакувам да комунициравме повеќе. Но, такви сме. Кога ќе се видевме имаше почит и љубов. Неговата ќерка Џиџи беше фантастичен кошаркар. Би сакал да е тука, да му кажам нешто“, изјави О’Нил.