Top Sport

Салах-шоу со „чеканите“ за Ливерпул да дојде на астрономски +19! (видео)

Ливерпул ја зголеми предноста на врвот на Премиер лигата на огромни 19 поени разлика по 24 од 38 кола, откако рутински со 2:0 победи на гостувањето во Лондон кај Вест хем. Ова беше заостанат натпревар за „црвените“ поради настапот на Светското клупско првенство, и уште еден триумф, 23-ти во 24 меча, и сега е потребно вистинско чудо да им „избега“ првата лигашка титула по 30 години.

Ливерпул дојде во водство во 35. минута, со гол од пенал на Мохамед Салах, а Египќанецот исто така беше креатор и на вториот гол за својот тим, откако во 52. минута му асистираше на Алекс Окслејд-Чембрлен за потврда на победата.

„Чеканите“ на Дејвид Мојс по поразот остануваат во опасност, бидејќи се на 17-тото место на табелата со 23 поени, колку што имаат и Бурнмаут на 18. место и Вотфорд на 19. место.

Scroll to Top