Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ имал голема желба во актуелниот преоден рок да се пресели во Барселона, пишуваат холандските медиуми.
Челниците на Ајкас сепак ја одбиле понудата од Барселона да им го позајмат Тадиќ до крајот на сезоната.
Новинарот Валентајн Дрисен повикувајќи се на извори од клубот, пишува дека Ајакс не сакале да останат без својот најдобар играч.
„Барселона имаа желба да го позајмат Тадиќ, но од Ајакс добија едно големо „НЕ“. Заминувањето на Тадиќ би бил голем хендикеп за тимот. Душан сакаше да замине, кој не би сакал на 31 година да направи трансфер во Барселона?“.
Откако не им пропаднаа преговорите за Тадиќ, а претходно и за Родриго Морено од Валенсија, Барселона за наредното лето го договорија трансферот на младиот Португалец од Брага, Франсиско Тринкао.