Играчот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ го запиша своето име во историјата на НБА-лигата. Во историјата влезе со трипл-дабл учинокот (39 поени, 10 скока, 11 асистенции) на натпреварот против Детроит Пистонс.
Јокиќ во поразот на Денвер во Детроит (128:123) го забележа десеттиот трипл-дабл во сезоната. Тој е првиот играч што не е плејмејкер, а успеал во три последовни сезони да има најмалку десет трипл-дабл оставрувања.
Србинот го израмнил рекордот на Џејсон Кид, додека пред нив двајца се Меџик Џонсон, Расел Вестбрук и Оскар Робертсон.
Јокиќ оваа сезона по натпревар има просек од 20,2 поени, 10 скока и 6,7 асистенции. Играчот на Девер ќе учествува на Ол-стар натпреварот во Чикаго на 16 февруари. Минатата сезона беше избран во првата петорка на НБА-лигата.