Австрискиот тенисер, Доминик Тим се врати во татковината по поразот во финалето на Австралија Опен од Новак Ѓоковиќ. Тенисерот во Виена одржа прес-конференција откако му се стишија впечатоците.
„Кога ќе загубите од жива легенда каква е Ѓоковиќ и тоа о 6-4 во петтиот сет, тоа едноставно мора да го прифатите. Многу е важно да продолжам да учам од своите порази, а никогаш нема да имам гаранција дека некј грен слем ќе можам да го освојам. Најважно е секогаш да давам се од себе“ – рече Тим.
Ѓоковиќ со својот 17-ти грен слем во кариерата стигна со победа во финалето со 3-2. По бројот на трофеи пред Србинот се уште се Рафаел Надал со 19 и Роџер Федерер со 20.
Легендарниот екс-тенисер, Матс Виландер предвидува дека српскиот тениски ас ќе ги престигне конкурентите по бројот на освоени трофеи.
„Ѓоковиќ е сè поблиску да ги достигне Надал и Федерер. Победи во Мелбурн и сега се поставува прашањето дали може да победи и на Вимблдон. Мојот одговор на тоа е дека може, и тоа ќе биде негова 18-та грен слем титула. Ако биде во таква форма, тогаш Ѓоковиќ ќе биде фаворит и на УС-Опен, што би значело дека може да стигне до 19 грен слем титули.
На крајот од сезонава може да имаме двајца играчи со по 20 титули (Федерер и Надал) и еден со 19 (Ѓоковиќ)“ – смета Виландер.