Top Sport

Бекам на Модриќ во Мајами му нуди двојно поголема плата

Се ближи почетокот на сезоната во американската фудбалска МЛС лига, а во центарот на вниманието е новиот тим – Интер Мајами. Главна причина за тоа е еден од косопствениците, Дејвид Бекам кој се обидува на Флорида да доведе некои од големите ѕвезди од Европа во моментов.

Последните неколку месеци често се споменуваше името на Уругваецот од ПСЖ, Едисон Кавани, но најновите информации се дека Бекам е сериозно заинтересиран и за услугите на хрватскиот интернационалец од Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Шпанска „Марка“ пренесува информација дека Интер Мајами се подготвени на Модриќ да му испратат двојно поголема плата (20 милиони евра) од онаа која сега ја заработува во Кралскиот клуб, 10 милиони.

Во мометов дел од екипата се младите Аргентинци, Каранка и Пелегрини, Мексиканецот Уљоа, Макун од младата екипа на Јувентус, младиот американски репрезентативец, Луис Морган и долгогодишниот капитен на Панама, Роман Торес.

Сезоната во МЛС започнува на 29 февруари, а преодните рокови траат од 12-ти овој месец, па се до 5 март.

Scroll to Top