Шпанскиот фудбалски стручњак, Пеп Гвардиола ќе остане запаметен во фудбалскиот свет како голем фудбалски револуционер. Барселона никогаш не била посилна за разлика од периодот кога Пеп беше на кормилото на клубот. Неговиот фудбал стана синоним за перфектна игра.
Тој на некој начин направи и голманот да биде дел од играчите во поле, а не само во шеснаесетникот.
Познато е дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер е еден од најдобрите техничари меѓу чуварите на мрежата кој често сака да излезе далеку од гол-линијата Токму поради тоа, во периодот додека Гвардиола го предводеше баварскиот тим (2013-2016 година) помисли голманот да го стави меѓу фудбалерите, и тоа во средниот ред.
Извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге за германските новинари изјави дека одвај успеал да го разубеди во идејата.
„Мануел ја измисли позицијата голман-фудбалер и направи револуција на таа позиција. Се уште паметам како Гвардиола по освојувањето на една од титулите сериозно дојде до идеја Нојер да го постави во средниот ред. Одвај успеав да го разубедам, затоа што некои тоа ќе го видеа како арогантен потег. Во секој случај, Ману би се снашол и на таа позиција“ – вели Румениге.