Тотенхем се пласираше во осминафиналето на ФА купот, откако на драматичен начин со пресврт стигна до 3:2 победа над Саутемптон. Вторпат едноподруго на тимот од северен Лондон му беше потребен повторен меч по 1:1 ремито на гости кај Саутемптон, откако во претходното коло играа 1:1 со Мидлзборо, пред да ги победат во повторениот меч. Следен противник за нив е Норич.
Тимот на Жозе Мурињо дојде во водство во 12. минута со автоголот на Џек Стивенс, но потоа гостите направија целосен пресврт – Шејн Лонг прво израмни во 34. минута, пред Дени Ингс да донесе неочекувано водство во 72. минута од мечот.
Камбекот на Тотенхем го најави Лукас Моура со одличен гол во 78. минута, пред Хеунг-Мин Сон со гол од пенал во 87. минута да го однесе својот тим во четврт-финале.