Top Sport

Лацио го „загуби здивот“ против Верона (видео)

Лацио пропушти шанса да го помине Интер на второто место во Серија А и да се доближи на само два поени до лидерот Јувентус, откако пред своите навивачи на „Олимпико“ одигра само 0:0 со тимот на Верона.

И покрај тоа што имаа повеќе од поседот од топката и повеќе изгледни шанси, тимот на Симоне Инзаги одигрува нерешено вторпат во последните три натпревари, пропуштајќи огромна шанса да се приклучи во сериозна битка со Интер и Јуве.

Лацио се трети со 50 поени, дури 11 пред четвртопласираниот тим на Аталанта, додека Верона е на деветтото место со 31 поен.

Scroll to Top