Прашање на време е кога фудбалерите на Ливерпул и теоретски ќе ја освојат шампионската титула во Премиер лигата. Три децении титулата се чека на „Енфилд“, а „Дејли Мејл“ открива колкав бонус ќе добиајт фудбалерите.
Фудбалерите на Ливерпул за титулата ќе поделат четири милиони фунти. Парите ќе ги делат во зависност од тоа кој играч колку натпревари одиграл. Во просек секој фудбалер ќе добие по 150.000 фунти, но тука не смеат да се заборават ниту индивидуалните бонуси што ги имаат играчите во своите договори.
Ливерпул на 13 рунди до крајот на сезоната имаат 22 поени повеќе од Манчестер сити.