Американскиот кошаркар, Ајзеа Томас (31) ќе мора да побара нов тим затоа што Лос Анџелес Клиперс го отпуштија по само неколку дена откако дојде во Калифорнија.
Искусниот 31-годишен плејмејкер беше дел од размената меѓу Вашингтон Визардс, Њујорк Никс и Лос Анџелес Клиперс.
Сепак, за него нема место во тимот на Док Риверс, па тој официјално е слободен да си бара нова средина.
Формата на Томас од доаѓањето од Бостон Селтикс каде забележуваше одлични партии, тргна во надолна линија. За две ипол години промени 6 различни екипи, а сега ќе мора да бара и седма.