Top Sport

Мејведер: Во 2018 сакам уште пари!

Флојд Мејведер Јуниор се пофали на социјалните мрежи со новогодишна порака дека и во 2018 година ќе биде фокусиран на „правење уште пари“.

40-годишниот пензиониран боксер во спектакуларен костум коментираше дека 2018 е веќе успешна за него.

„Сите велат ‘Среќна Нова Година’, но јас сакам да кажам: ‘Среќен сум што добивам пари секоја година’. Зошто да гледам во камерата? Парите не се таму“, вели Мејведер.

Американецот во август 2017 година го совлада Конор Мекгрегор во еден од спектаклите на годината и шпекулациите велат дека тие би можеле да се сретнат повторно, но овојпат во ММА рингот.

Пред мечот со Мекгрегор, неговото богатство стигна до 700 милиони долари, а се верува дека само за тој меч доби над 300 милиони долари.

Парите Мејведер ги направи со одлична самопромоција, и откри дека потпишувањето со промотерската компанија „Топ ранк“ на Боб Арум беше најголемата грешка во кариерата. Тој си го откупи договорот во 2006 година, по што стана најплатениот насветот.

„Досега, најлошото нешто што сум го направил беше потписот со ‘Топ ренк’. Еден од членовите на моето семејство беше гладен за пари и ми отиде зад грб. Тоа беше најлошото. Но, знаев дека ќе бидам суперѕвезда“, вели Мејведер.

Scroll to Top