СПАЛ и официјално потврди дека Луиџи ди Бјаџо е нов тренер на тимот по отпуштањето на Леонардо Семпличи откако клубот од Ферара се најде во тесна битка за опстанок во Серија А.
Семпличи, кој е на чело на клубот од 2014 година и успеа да ги „крене“ од Серија Ц во Серија А, доби отказ вчера откако неговиот тим се најде на последното место на табелата со само четири победи цела сезона.
Ди Бјаџо влегува во историјата како прв тренер во Серија А, кој доаѓа само од позиција на тренер на У-21 националниот тим во првата лига. Ди Бјаџо е поранешен фудбалер на Интер и на Рома, а досега нема искуство во клупскиот фудбал, иако ја предводеше репрезентацијата на Италија на два меча (пораз од 0:2 од Аргентина и 1:1 реми со Англија), пред Роберто Манчини да биде именуван за постојан тренер.
Тој има договор од само шест месеци, со опција за продолжување за уште една сезона.
Il primo allenamento di Mister Di Biagio al Centro Sportivo “G.B. Fabbri”!⚪?
#MaiSola #ForzaSPAL pic.twitter.com/nXr66Pszer— SPAL (@spalferrara) February 10, 2020