Top Sport

Роналдо јасно порача: Нема изговори! (видео)

Кристијано Роналдо им прати јасна порака на навивачите на Јувентус по шокантниот пораз од Верона овој викенд и губењето на првото место во Серија А од Интер, пишувајќи само „Нема изговори“ на видеото на кое тренира дома со неговата двегодишна ќерка Алана како „помошник“.

Снимката која најверојатно е „фатена“ од неговата партнерка и мајка на Алана, Георгина Родригез, сака да покаже дека најголемите битки во фудбалската сезона се пред нив. Роналдо е познат како „фитнес-манијак“ со дополнителен режим на тренинг во својот дом покрај професионалната работа со клубот.

Против Верона, Роналдо во 10. меч во низа постигна гол, но неговиот тим загуби со 2:1, по што според италијанските медиуми тој бил бесен на своите соиграчи во соблекувалната.

35-годишниот Роналдо покрај ќеркичката Алана го има и деветгодишниот син Кристијано Јуниор и близнаците Матео и Ева, кои се родени од сурогат-мајка во јуни 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

No excuses ??‍♂️??

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Како да се остане фит? Роналдо да скока како „луд“ јаде шест оброци дневно и спие најмалку осум часа

Scroll to Top