Top Sport

Како да се остане фит? Роналдо да скока како „луд“ јаде шест оброци дневно и спие најмалку осум часа

Кристијано Роналдо во февруари ќе наполни 35 години, а во средата скокна неверојатни 2.56 метри за да постигне фантастичен гол за победа над Сампдорија во средата. Како е тоа можно?

При биомеханичките тестови на Португалецот направени на Универзитетот во Чичестер во 2011 година (кое е документирано на видео), беше објаснето дека Роналдо може да скока повисоко од просечен НБА кошаркар.

Тој успева да генерира сила од 5 Г (сила на земјината тежа), благодарение на дијаметарот на неговите бутови од 62 сантиметри, така што тој може да дојде до височина од 44 сантиметри од стоечки скок и 78 сантиметри кога има засилување, или 7 сантиметри повисоко од просечен кошаркар.

Сепак, зачудува како може тој да го прави тоа на 34 години. Пред неколку месеци, новинарот на шпанскиот „АС“, Хоакин Марото откри што прави освојувачот на пет „Златни топки“ дневно за да го заддржи ова ниво.

Роналдо секој ден одвојува време за тренинг, одмор и релаксација, а секако, тренингот не се одвива само со Јувентус или со португалската репрезентација. ЦР7 има сопствена програма со која се комбинираат пет сесии во вежбална неделно, со пилатес и пливање како дел од тренинг-режимот.

Ова е само „загревање“ за Роналдо, бидејќи честопати неговите лични тренери мораат да го сопрат да не „претера“. Затоа не зачудува што Мехди Бенатија откри дека во минатото тој му се јавувал во 23.30 часот по натпревар за да одат на тренинг.

Покрај ова, диетата на Роналдо опфаќа шест различни јадења дневно, најчесто паста, пилешко за протеини, кои никогаш не се готвени со сол.

„Клучот е да се грижиш за своето тело, да тренираш, да се опоравуваш и да јадеш правилно. Иако, понекогаш си дозволувам пица со мојот син да не биде досадно“, објаснува Роналдо.

Тој исто така си дозволува и сок од портокал или ананас наутро за доручек, но освен тоа пие само вода и секогаш внимава да добие осум часа сон дневно. Да не заборавиме, тој секогаш си дозволува сиеста, односно мала дремка попладне, по четвртиот оброк.

Роналдо скокна 71 сантиметар и беше цела секунда во воздух: Сега се чувствувам одлично!

Scroll to Top