Поранешниот германски репрезентативец Месут Езил секоја прилика ја користи за да истакне дека му е драго што Унаи Емери повеќе не е тренер на Арсенал. Емери во декември доби отказ поради резултатите кои не беа на нивото на клубот. На него место дојде Микел Артета.
Езил не играше многу во мандатот на Емери. Ситуацијата се промени со доаѓањето на Артета. Германецот стартуваше на речиси сите натпревари кај новиот тренер.
Новинарите кои го следат Арсенал во Дубаи каде „топџиите“ се на подготовки го прашале Езил која е разликата помеѓу Емери и Артета, на што тој дал краток и јасен одговор.
„Кај Артета играм“.