„Мораме нешто да докажеме“. Под ова мото ќе настапи кошаркарската репрезентација на САД на Олимписките игри во Токио. Селекторот на САД Грег Поповиќ го објави поширокиот список на играчи за Игрите во јапонската престолнина.
На конечниот список ќе има 12 кошаркари, а на поширокиoт список на Поповиќ има 44 имиња. Тука се сите најголеми ѕвезди во НБА кои ќе треба да го одбранат олимпиското злато.
Американците секаат да се докажат и да го избришат дебаклот што го доживеаја на Светското првенство во Кина.
Претседателот на Кошаркската федерација на САД Џери Коланџело нема да дозволи Америка да доживее уште еден дебакл. Сака да продолжи доминацијата на САД на за нив најважното репрезентативно натпреварување. САД последен пат биле поразени на еден меч на Олимписките игри на 27 август 2004 година во Атина.
Списокот на САД делува застрашувачки, од 44 кошаркари 29 веќе играле за САД на Сп и ОИ. Најголеми ѕвезди секако се Леброн Џејмс, Каваи Ленард, Стеф Кари, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Демијан Лилард, Кајри Ирвинг и Џими Батлер.
We Have Something To Prove
44 athletes, including 16 Olympians, are #USABMNT finalists for the @Tokyo2020 Olympic Games
»» https://t.co/fB5Z7pYQ4p pic.twitter.com/RJB1k0Mt83
— USA Basketball (@usabasketball) February 10, 2020
Спиското на САД: Бам Адебајо (Мајами), Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио), Херисон барнс (Сакраменто), Бредли Бил (Вашингтон), Девин Букер (Финикс), Малком Бронгдон (Индијана), Џејлен Браун (Бостон), Џими Батлер (Мајами), Мајкл Конли (Јута), Стеф Кари (Голден Стејт), Дрјмонд Грин (Голден стејт), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Каваи Ленард (Ла Клиперс), Демар Дерозан 9Сан Антонио), Андре Драмонд (Кливелнд), Кевин Дурент (Бруклин), Кајри Ирвинг (Бруклин), Џејмс Харден (Хјустон), Расел Вестбрук (Хјустон), Монтрезл Херел (ЛА Клиперс), Џо Херис (Бруклин), Тобајас Херис (Филаделфија), Гордон Хејворд (Бостон), Двајт Хауард (ЛА Лејкерс), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Демијан Лилард (Портланд), Брук Лопез (Милвоки), Кевин Лов (Кливленд), Кајл Лаури (Торонто), Џавал Мекги (ЛА Лејкерс), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Милвоки), Виктор Оладипо (Индијана), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Клеј Томпсон (Голден стејт), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон), Дерик Вајт (Са Антонио).