Иако на почетокот на мандатот доби безрезервна поддршка од клупските челници, поради променливите резултати, иднината на Оле Гунар Солскјер како тренер на Манчестер Јунајтед е неизвесна. Се погласни се тврдењата дека тој ќе добие отказ по завршувањето на сезоната.
Медиумте најчесто со клупата на Јунајтед ги поврзуваат Мауруцио Покетино и Масимилијано Алегри.
Во прилог на тврдењата дека на Солскјер му се подготвува отказ е и информацијата дека мечот помеѓу Брендфорд и Лидс јунајтед пред неколку дена заедно го следеле Покетино и советникот на директорот на Јунајтед Ед Вудворд, Нил Ештон.
Аргентинецот во декември минатата година доби отказ од Тотенхем, најави дека оваа сезона нема да работи повеќе, односно периодот ќе го искористи за одмор.
Манчестер Јунајтед во Премиер лигата се наоѓаат на осмото место и се шест поени оддалечени од четвртата позиција која обезбедува место во Лигата на шампионите.
Јунајтед се во конкуренција во Лига Европа, во првото коло од нокаут рундата тие ќе играат против Бриж.