Во директен дуел на двата фаворити за првото место во групата Б од ЕХФ Лигата на шампиони, Кил ја продолжи победничката серија и триумфираше со 29:28 (15:15) над Веспрем, за да го обезбеди првото место во групата Б (каде што е и актуелниот шампион Вардар) и да осигура место во четврт-финалето.
Откако во текот на целиот меч имаше израмнета борба, човек на одлука беше голманот Никлас Ландин, кој со одлична одбрана во последната секунда ја заддржа 29:28 предноста на бундеслигашот.
Никлас Екберг со осум гола беше лидер на Кил, додека Хендрик Пекелер додаде седум гола, а за унгарскиот клуб, поранешниот вардарец Вуко Борозан и Андреас Нилсон беа најефикасни со пет гола.