Шпекулациите дека Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона челниците на каталонскиот гигант ги разбрале сериозно. Не сакале да ризикуваат поради што во клубот повторно започнале да размислуваат за трансферот на Нејмар.
Барселона не блеска сезонава, тренерот Ернесто Валверде доби отказ, но но барем засега проблемите не успева да ги реши ниту неговиот наследник Кике Сетиен.
Покрај тоа земјотрес во клубот предизвика препукувањето на социјалните мрежи помеѓи Меси и спортскиот директор Ерик Абидал.
Во тој момент медиумите започнаа да шпекулираат дека Меси по завршувањето на сезоната ќе ја искористи клаузулата што ја имал во договорот, а која му овозможувала да ја напушти Барселона без обесштетување.
„Ел Конфиденсиал“ пишува дека претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу по секоја цена ќе го врател Нејмар во летниот преоден рок.
„Во Барселона се плашат од Меси, тие сакаат тој да разбере дека нивните амбиции насочени кон Лигата на шампионите се сериозни и дека нема потреба да размислува за заминување“, пишува весникот.
Барселона минатото лето се обидуваше да го врати Нејмар меѓутоа преговорите со ПСЖ завршија неуспешно.