Top Sport

Ребиќ го врати Де Лихт во Амстердам (Видео)

Милан и Јувентус синоќа одиграа 1:1 во првиот полу-финален меч во Купот на Италија. Анте Ребиќ го постигна првиот гол на мечот во 61 минута, а израмни Роналдо од контроверзно досуден пенал во 90 минута.

Анте Ребиќ на овој натпревар не само што ја продолжи голгетерската серија (шет гола на последните шест натпревари) туку со еден потег ја воодушеви јавноста и го посрамоти еден од најскапите дефанзивци во светот на фудбалот Матијас Де Лихт.

Во 17 минута Ребиќ со еден дрилбилнг го исфрли од игра, а потоа и го претрча Де Лихт. Неговото додавање не успеа да го искористи Ибрахимовиќ.

Потегот со кој Ребиќ го „врати“ Де Лихт назад во Амстердам може да го погледнете овде.

Scroll to Top