Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ имал желба да игра покрај Кристијано Роналдо. Ракитиќ има договор со Bарселона до јуни 2021 година, но извесно е дека летово ќе го напушти „Ноу Камп“.
Иако има 31 години за неговите услуги постои голем интерес. Во минатото време се поврзуваше со Јувентус, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…
Голема е веројатноста тој да си ја исполни желбата, да игра во ист клуб со Кристијано Роналдо.
„Секако дека би сакал да играм покрај Роналдо. Тој е еден од најголемите фудбалери во историјата. Вистинско уживање е да се гладе како тој игра. Погледнете само што прави во Јувeнтус“, рекол Ракитиќ.