Поранешниот играч на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Луис Фернандес го критикувал актуелниот тренер на „светците“ Томас Тухел. Фернандес смета дека со оглед на тимот што го поседува Тухел не постигнува задоволителни резултати.
„Кога ќе ги погледнете резултатите од минатата сезона, ќе забележите дека Тухел е најлошиот тренер од моментот кога луѓето од Катар го презедоа клубот. Тухел е далеку од нивото на Јирген Клоп, Пеп Гвардиола или Карло Анчелоти“, рекол 60 годишниот Фернандес.
Тухел во првата сезона ја освои титулата во Франција, но во Лигата на шампионите испадна од Манчестер Јунајтед во осмина-финалето, иако во реваншот на домашен терен ПСЖ влезе со предност од 2:0.
„Тоа секако остави траги. Дали траумите се заборавени ќе видиме против Дортмунд. За да остане на клупата на ПСЖ Тухел не само што мора да го мине во осмина-финалето својот поранешен клуб, туку мора да избори пласман во финалето“, заклучил Фернандес.