Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа 25 победа во 26 коло во Премиер лигата. Вечерва „црвените“ победија во Норич со 1:0. Екипата на Јирген Клоп ја забележа 17 победа во низа.
Лидерот на табелата иако го контролираше натпреварот со многу мака ги освои бодовите ка „фенерџијата“.
Првото полувреме мина во знакот на Ливерпул. Гостите имаа иницијатива но без конкретен резултат. Не упатија ниту еден удар кон голот на Тим Крул.
Холандскиот голман во вториот дел се истакна со три одбрани, два пати беше поуспешен од Кеита, а еднаш од Салах.
На спротивната страна дирекот го спаси Алисон по обидот на Тети.