Новата американска боксерска сензација, Рајан Гарсија го „уништи“ Никарагванецот Франциско Фонсека за само 80 секунди во нивната пресметка во лесна категорија во Калифорнија со брутален нокаут, кој сигурно ќе биде меѓу најимпресивните во 2020, иако сме уште само февруари.
21-годишниот Гарсија со фуриозен удар со левицата во првата рунда во „Хонда центарот“ во Анахајм го „патосираше“ Фонсека, кој прво остана неподвижен, по што дури и самиот Гарсија изјави дека „се молел тој да стане“.
Гарсија е непоразен во кариерата со 20 победи во 20 меча, од кои дури 17 се добиени со нокаут, што не е така лесно да се оствари во лесната категорија. Следен за него може да биде венецуелскиот втеран Хорхе Линарес, како и ВБА шампионот Гервонта Дејвис.
I just prayed he got up ? 20-0 pic.twitter.com/bOmGQbmAuF
— Ryan Garcia (@KingRyanG) February 15, 2020
YES. @KINGRYANG JUST DID THAT. pic.twitter.com/yM6av30sqA
— DAZN USA (@DAZN_USA) February 15, 2020