Австрискиот Штефан Крафт е победник на скратеното натпреварување во скијачки летови на домашната леталница во Бад Митерндорф, иако Јапонецот Рјоју Кобајаши имаше џиновски скок од 242.5 метри.
Организаторите решија да го скратат натпреварувањето во втората серија, иако беа преостанати само првите тројца од првата серија поради лошо време, и победата му припадна на Крафт со 230 метри и 232.6 поени.
Кобајаши имаше 231.9 поени за својот скок за второ место, додека Словенецот Тими Зајц беше трет со 228.5 метри.
Крафт е лидер во генерален пласман со 1.273 поени пред Германецот Карл Гајгер (1.135) и Кобајаши (1.045).