Top Sport

Сусо спаси поен за Севилја против „отпишаниот“ Еспањол (видео)

Сусо го постигна својот прв гол во дресот на Севилја, за во 80-тата минута од мечот да им донесе 2:2 реми со последнопласираниот тим на Еспањол, во уште една разочарувачка партија за тимот на Хулен Лопетеги.

Лукас Окампос донесе 1:0 предност за домаќините на „Рамон Санчез Писхуан“, но Еспањол, кој грчевито се бори за опстанок, успеа да направи целосен пресврт – Ембарба во 35. минута израмни, а Ву Леи во 50-тата минута постигна гол за 1:2 водство.

Меѓутоа, гостите останаа со играч помалку по вториот жолт картон за Виктор Санчез, по што Сусо во 80-тата минута ги постави конечните 2:2. Севилја останува на петтото место на табелата со 40 поени, пропуштајќи шанса да ги помине Атлетико Мадрид на четвртото место.

Scroll to Top