Top Sport

Новиот „Вилијамс ФВ43“ изгледа сјајно (Фото)

Екипата на Вилијамс го покажа болидот со кој ќе се натпреварува во претстојната сезона во Формула 1.

Вилијамс минатата сезона целосно потфрли, заврши на последното место меѓу конструкторите, а Роберт Кубица и Џорџ Расел беа последни меѓу возачите. Лани, Вилијамс, освои само еден поен. Кубица беше десетти на трката за Големата награда на Германија.

Новиот болид ја носи ознаката „ФВ43“. На него покрај традиционалните бои, сината и белата, оваа сезона ќе доминира и црвената.

Болидот визуелно изгледа одлично, но прашање е какви ќе бидат неговите перформанси на патеката.

Боите на Вилијамс во 2020 година ќе ги браната Џорџ Расел и дебитантот Николас Латифи.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Мелбурн на 15 март, со трката за Големата награда на Австралија.

Scroll to Top