Борусија во Дортмунд вечерва ќе го пречека Пари Сен Жермен во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Ова ќе биде дуел на најефикасните тимови во своите национални шампионати.
Борусија на досегашните 22 натпревари во Бундеслигата има постигнато 63 гола, во просек три по натпревар. Се наоѓаат на третото место на табелата со 42 бода и се уште се наоѓаат во борба за титулата.
Од почетокот на пролетниот дел на сезоната се посилни за Ерлинг Халанд. Норвежанецот во Дортмунд продолжи онаму каде што застана во Салцбург. Нестварен е податокот дека на првите две средби, одиграл 59 минути и постигнал пет гола. Во Салцбург неговиот учинок во првата фаза беше осум гола на исто толку натпревари.
Инаку прво име сезонава во Дортмунд е Џејдон Санчо со 13 гола и 13 асистенции, а интересно најдобар стрелец во Лигата на шампионите е десниот бек Ашраф Хакими со четири гола.
ПСЖ до саботниот спектакл со Амиен (4:4) беа во серија од девет победи, а на последните 22 натпревари забележале 19 победи и три пати играче нерешено. Немаат пораз од ноември минатата година.
Во Лигата на шампионите постигнаа 17 гола и само еднаш одигра нерешено, пртив Реал (2:2).
Борусија за овој мече нема да може да смета на двајца важни играчи Марко Ројс и Јулијан Брант. Кај ПСЖ ќе ги нема Дагба и Паредес но нивното неиграње нема да претставува проблем за тренерот Томас Тухел.
Во минатото овие тимови еднаш се имаат сретнато во фазата по групи. Во сезоната 2009/2010 во фазата по групи, во Лига Европа. Двата натпревари завршиле без победник, 1:1 во Дортмунд и 0:0 во Париз.