Легендарниот италијански фудбалски стручњак, Фабио Капело (73) вели дека борбата за Скудетото во Италија ќе биде неизвесна до самиот крај. Сепак, не сака да прогнозира кој е најблиску до освојување на титулата.
Ќе биде голема борба до самиот крај. Јувентус не е на своето ниво, има 10 бода помалку во однос на истиот период минатата сезона и тоа е причината зошто противниците се толку блиску. Имаа некои проблеми, а нивните противници се навистина добри“ вели Капело.
„Старата дама“ моментно е на врвот во Серија А со 57 бода, втор е Лацио со бод помалку, а трет е Интер со 54 бода.
„Интер им е близу, но Лацио е изненадување на сезоната. Многумина не веруваа дека можат да играат вака добро.
Играчите на Интер, пак, некогаш играат фантастично, а некогаш се губат на теренот“ – заклучи легебдарниот стратег.
Италијанецот во кариерата како тренер има освоено 5 шампионски титули, 4 со Милан и една со Рома. Освои и две титули со Јувентус, но тие титулу се одземени поради аферата „Калчополи“.