Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас (16) го совлада со 2-1 во сетови (7-6 4-6 7-6) Алберто Рамос во првото коло на тенискиот АТП турнир во Рио де Жанеиро, по повеќе од три ипол часа борба.
Алкарас е првиот тенисер кој е роден во 2003 година, а кој поминал прво коло на еден АТП турнир.
Младиот играч е означен како еден од најталентираните во светот на тенисот, моментно е 313 на листата АТП листата.
Алкараз излезе од тениската школа на Рафаел Надал, а на крајот на минатата година тој потпиша спонзорски договор со „Најк“.
Доби покана да учествува во квалификациите за Мастерсите во Мајами и Мадрид.