Борусија Дортмунд потврдија дека ја активирале опцијата за откупување на договорот на Емре Џан и веќе ја направиле исплатата на Јувентус.
Фудбалерот од средниот ред прво замина на позајмица до јуни 2020 за 1 милион евра со опција за купување за 25 милиони евра, и сега Дортмунд реши да го активира договорот предвреме.
26-годишниот германски репрезентативец имаше одличен старт во Борусија Дортмунд, постигнувајќи фантастичен гол од далеку во првиот од трите меча за клубот. Тој дојде во Јувентус како слободен играч од Ливерпул во јуни 2018, што значи дека „бјанконерите“ имаат чист профит од 12.4 милиони евра. Тој потпиша четиригодишен договор со БВБ.
Borussia Dortmund has activated the transfer of Emre Can from Juventus on a 4-year contract!
Cheers to many more, Mr. Can ?pic.twitter.com/VdiOir2M03
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) February 18, 2020