Легендарниот американски кошаркар, Крис Бош порача дека е разочаран што не е дел од Куќата на славните. Кевин Гарнет, Тим Данкан и постхумно Коби Брајант се играчите што годинава ќе влезат во Куќата на славните, а нив како тренери ќе им се придружат Руди Томјановиќ и Еди Сатон.
Разочараниот бош се огласи на Инстаграм.
„Нема да лажам и веднаш ќе преминам на работата. Разочаран сум, но морам да продолжам понатаму“ порача тој.
Бош се чини и не беше полош играч од споменатите, но тој поради здравствени проблеми предвреме ја заврши играчката кариера.
Важеше за одличен крилен центар, а ги бранеше боите за Торонто Репторс и Мајами Хит.