Англискиот шампион Манчестер сити и покрај забраната на УЕФА и наредната сезона ќе може да учествува во Лигата на шампионите доколку од Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана побара да им го замрзнат статусот додека не биде решена нивната жалба, тврдат правниците.
УЕФА, минатиот петок, поради непочитување на правилата од финансискиот фер-плеј во периодот од 2012 до 2016 година, му изрече две годишна суспензија на Манчестер сити. Клубот исто така треба да плати и парична казна од 30 милиони евра.
„Граѓаните“ веднаш ја обжалил одлуката на УЕФА пред судот во Лозана. Од судот Сити можат да побараат „посебно изземање“ кое ќе им ја укине суспензијата додека нивниот случај во целост не биде решен.
Како што наведуваат англиските медуми доколку Сити не побараат изземање тогаш тие сигурно нема да бидат на ждрепката за сезоната 2020/2021. Ждрепката за квалификациите е закажана за 9 јуни, а за фазата по групи на 27 август.
Според моменталниот распоред на случаевите во ЦАС, сослушувањето на Англичаните би можело да се случи дури на почетокот на наредната година.
Доколку и некако успеат да го забрзаат процесот Сити најрано может да бидат сослушани во јули оваа година.
„Извесно е дека Сити ќе побараат изземање, би биле несериозни доколку не ја искористат таа опција“, нагласил водечкиот правник во спортскиот свет, Џон Мерзад.