Рафаел Надал еден од најдобрите во историјата на тенисот го избра својот совршен тенисер.
„Бикот од мајорка“ неодамна ја посетил својата академија во Кувајт каде што одвоил дел од времето за да одговори на прашањата на новинарот на порталот „Спорт360“.
Надал започнал од бекхендот: „Кога станува збор за бекхендот ќе го изберам Новак Ѓоковиќ. Одлично се брани, одлично напаѓа, неговиот бекхенд може сѐ“, рекол Надал.
Шпанецот го избрал форхендот на Роџер Федерер и сервисот на Иво Карловиќ.
Според Надал најдобар избор на удари имал Енди Мареј, физичката подготвеност би ја „земал“ од Доминик Тим, брзината од Гаел Монфилс и прегледот на играта од Федерер.
Надал би земал нешто и од Надал, а тоа е жарот во играта и борбеноста.