Најдобриот грчки тенисер, Стефанос Циципас ја одбрани титулата од Опен 13 во Марсеј со 6:3/6:4 победа над канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алијасим, за свој петти АТП трофеј со само 21 година.
Циципас одбрани четири од петте брејк топки и освои 78 отсто од поените на прв сервис, за релативно лесна победа над Канаѓанецот, за да го подобри скорот во финалињата на 5-5 и да собере 250 рејтинг-поени и 116.030 евра во награден фонд.
За 19-годишниот Оже-Алијасим пак, чекањето за прв АТП трофеј продолжува, откако минатата недела загуби во финалето во Ротердам и има мизерни 0-5 во големите финалиња.