Арсенал уште е во игра за висок пласман во Премиер лигата, откако во супер-интересен меч со 3:2 го совлада Евертон во меч полн со пресврти и пред сè со многу пропуштени шанси, посебно кај гостите.
Само што започна мечот, следуваше шок за навивачите на „Емирати“, откако Доминик Калверт-Луис веднаш ја затресе мрежата на Бернд Лено, но по нешто повеќе од половина час, Арсенал беше во предност.
Еди Нкетија во 27. минута и Пјер-Емерик Обамејанг во 33. минута постигнаа голови за пресврт, но „карамелите“ не се предадоа и во 44. минута израмнија преку Ришарлисон. Сепак, Обамејанг само што почна второто полувреме повторно ги донесе „топчиите“ во водство , кое тие успеаја да го оддржат до крајот.
Арсенал сега е на деветтото место на табелата со 37 поени, само седум поени од четвртото место на табелата и еден повеќе од Евертон, кој сега е на 11. место.